Фудбал

БЕРГВАЈН МУ ОДГОВОРИ НА КУМАН: НЕ НИ САКАМ ДА ИГРАМ ЗА ТЕБЕ!

Откако Роналд Куман, селекторот на Холандија, јавно го искритикува потегот на Стивен Бергвајн да се пресели во саудиската лига каде стана нов член на Ал-Итихад, ексфудбалерот на Ајакс му одговори без влакна на јазикот.

„Не ни сакам повеќе да играм за Куман. Како не му е срам така јавно да зборува без притоа да искомуницира со мене да му ја објаснам мојата одлука. Да, точно е дека ќе заработам многу пари, но тоа не е единствената причина што се одлучив за овој потег. Нормално дека имам и спортски амбиции, ќе играм покрај велемајстори како Бензема и Канте, а тука се и Фабињо, Дијаби. Многу сум возбуден што ќе ја делам соблекувалната со такви играчи“, изјави Бергвајн за холандските медиуми.

При првиот собир на Лалињата за претстојните дуели во Лигата на Нациите, Куман јавно го искритикува офанзивецот дека трансфер во Саудиска Арабија на 26 години е чисто од финансиски амбиции и дека Бергајн повеќе нема пристап во селекцијата, барем додека е тој селектор.