БРОЗОВИЌ СИ ИГРА МАЈТАП СО АРАПСКИТЕ МИЛИОНИ
Објавено на: 28.06.2023
Хрватскиот репрезентативец во редовите на Интер очигледно не е многу импресиониран од големите пари кои клубовите од Саудиска Арабија ги истураат во Европа.
Откако клубот на Роналдо, Ал-Наср, се договори со Интер за откуп на играчот од средниот ред по цена од 23 милиони евра, работите „запнаа“ кога дојде да се преговара со Брозовиќ. Имено, понудата на Саудијците изнесуваше 20 милиони евра по сезона, на договор од две години. На што добија ладен туш од Хрватот, кој им бара 30 милиони евра по сезона.
За ситуацијата да биде уште посмешна, еден фан на Интер на објава на новинарот Фабрицио Биасин дека Хрватот не ја прифаќа понудата од 20 милиони евра по сезона, го означи и му порача да им бара 40 милиони евра по сезона.
#Brozovic: “50 bastano 😂”.
Che è come dire “Non è una questione di soldi”.Magari alla fine riusciranno a convincerlo, ma al momento vuole continuare a giocare a calcio. pic.twitter.com/6aFXZfACLZ
— Fabrizio Biasin (@FBiasin) June 27, 2023
На таквиот коментар, одговори фудбалерот на Интер со коментар:
50 милиони и доста е.
Откако ваквата перипетија очигледно нема да заврши со среќен крај за тимот на Кристијано Роналдо, во трка по ангажманот на Брозовиќ се вклучи и Барселона која е заинтересирана за неговите услови, нудејќи му помала плата од Ал-Наср, но подолг договор.
Според италијанските медиуми, негов трансфер во Барселона во моментов е поможен отколку трансфер во Саудиска Арабија.