ИТАЛИЈАНЦИТЕ ВО СПЕЦИЈАЛНИ ДРЕСОВИ ВО ЧЕСТ НА ВИАЛИ
Објавено на: 23.03.2023
Во истиот термин кога Македонија ќе игра против Малта во Скопје, во рамките на квалификациската група А за претстојното Европско првенство на УЕФА кое ќе се игра во 2024-та година, Италија ќе се соочи со Англија.

Мечевите почнуваат од 20:45 часот, а аѕурите ќе настапат во специјални дресови посветени на неодамна починатиот Џанлука Виали:

Лука, засекогаш еден од нас, стои на дресот. Македонија игра кај Англија на 19-ти јуни, а со Италија на 9-ти септември во Скопје.