КОШАРКАТА МУ СТАНА ЗДОДЕВНА НА ДОНЧИЌ?
Објавено на: 25.03.2023
Професионалните спортисти знаат често да ги излеат емоциите на прес-конференциите кога и се обраќаат на јавноста и најчесто тогаш официјално соопштуваат нешто, но зборовите на 24-годишниот словенечки интернационалец, во најмала рака се загрижувачки:
Навистина е фрустрирачки. Мислам дека се гледа по мене, кога сум на теренот. Понекогаш не се чувствувам како да сум јас. Само излегувам колку да сум на теренот. Многу се забавував на теренот, се смеев, но сега е многу фрустрирачки поради многу причини, не само од кошаркарски причини…
На што мислеше Лука Дончиќ? Дали има лични проблеми? Дали има проблеми со лигата? Дали има проблеми во екипата? Или ова е само уште еден период во неговата кариера, кој ќе помине и тој ќе докаже дека е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА?