Фудбал

КОЛКУ НАВИСТИНА БЕШЕ ДОБАР ОЗИЛ?

Германскиот интернационалец со турско потекло, репрезентативец на Германија, играч на Шалке, Вердер, Реал, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир, реши да стави крај на кариерата, на 34 годишна возраст.

Фудбалскиот маестро никогаш не беше комплетно разбран и никогаш не доби безусловна доверба во редовите на Реал Мадрид, каде го играше најдобриот фудбал и каде покажа дека е еден од најдобрите.

Неговите бројки кажуваат се, а ќе ги земеме како релевантни затоа што и за другите фудбалери се вели дека се добри, само затоа што имаат толку и толку титули, златни топки, пехари, голови, асистенции и слично.

Кога играше добро за Германија, беше ѕвезда, но кога играше лошо, срамно беше нарекуван доселеник. Атрактивноста не му недостасуваше на Месут Озил, како конечниот елемент во пресудата. Се согласувате?