Фудбал

ИСКО СИ ОДИ ОД РЕАЛ?

Шпанецот не доби нов договор од Кралскиот клуб, што значи ќе си бара нова средина за наредната сезона. Можно е да замине уште во јануарскиот преоден рок, јавуваат медиумите од Пиринејскиот полуостров.

Ако замине во првиот месец од новата година, ќе треба тој што ќе го купи да плати отштета, додека на лето Иско ќе биде слободен агент и може да си оди без надомест. Поверојатна да се случи, е втората опција.

Плејмејкерот има 29 години, 8 сезони е дел од најтрофејната шпанска и европска екипа, дојде од Малага во 2013-та и освои титули во Ла Лига и во Лигата на шампионите, но не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти.