ШТО БИ ИМ НАПРАВИЛ РУНИ ДА ГО „НАМЕСТЕА“ ТАКА?
Објавено на: 21.11.2021
Тренерот на Дерби Каунти, изјави дека играчите го предале Оле Гунар Солскјер во рамките на тековната сезона, затоа што не се залагале доволно во играта, за што норвешкиот тренер плати „со главата“.
Долго време управата на Манчестер Јунајтед имаше разбирање за легендата на клубот, но поразот 4:1 од Ватфорд ја прели чашата и некогашниот гол-џокер од клупата, сега веќе нема да седи на неа како тренер.
Ваква игра на мојот тим би ме разлутила. Бев разочаран од она што го гледав на теренот. Не треба да ја освојат Премиерлигата или Лигата на шампионите, но мора да покажат повеќе во играта.
Точно е дека менаџерот е тој кој ја поставува тактиката за натпреварот и бара од играчите да играат според неговите идеи и замисли, но нема оправдување за начинот на кој играа некои од фудбалерите.
Да мавтаат со рацете и да се обвинуваат меѓусебно кој ја продал топката? Тие се дел од еден од најголемите, можеби и најголемиот клуб на светот. Тоа е привилегија, а однесувањето е крајно неприфатливо.
Замислете да им беше тренер Руни? Замислете навистина да им стане тренер Руни? Замислете какви ќе бидат тие тренинзи на Јунајтед и што ќе се случува со големите ѕвезди ако играат вака како со Солскјер?

