Фудбал

СОЛСЈКЕР Е ИСТОРИЈА, ЗИДАН Е ИДНИНАТА?

Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Оле Гунар Солскјер од денес повеќе не е тренер на тимот, а медиумите од островото не почекаа ни минута за да го најават неговиот можен наследник.

Црвените ѓаволи ќе му платат 7,5 милиони фунти на Норвежанецот поради раскинот на договорот, а привремено Мајкл Керик ќе го води тимот додека менаџментот на Јунајтед не ја пронајде замената на Солскјер.

Според Телеграф, многу веројатна комбинација е доаѓањето на Зинедин Зидан на Олд Трафорд, тренер кој е слободен и нема никаков ангажман по раскинување на договорот со Реал Мадрид од летово.

Французинот има одлична релација со Сер Алекс, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан, а менаџирање на Манчестер Јунајтед во Англија го гледа и како свој личен огромен предизвик.

Дали ќе се остварат најавите, останува да видиме.