ХАЛАНД НА ПАТЕРИЦИ, ВО СИТИ СТРАВУВААТ (ФОТО)
Објавено на: 01.04.2025
Ерлинг Халанд не му се израдува на 30-тиот овосезонски гол во целост, откако се здоби со повреда на зглобот во победата на Сити од 2-1 на гостувањето кај Бормунт, дуел кој во неделата се одигра во рамки од четвртфиналето во ФА купот.
Се чини дека повредата е сериозна, со оглед на тоа дека Халанд беше фотографиран на патерици и со лонгета на левата нога. Првичните најави се дека Норвежанецот ќе одмора неколку недели, со што ќе го пропушти полуфиналниот дуел против Нотингем форест во ФА купот, како и градското дерби против Манчестер јунајтед, но би требало да се врати на терените во самиот финиш од сезоната.
