ИГОР СОСТАВИ ДОМАЌИНСКИ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА КОЛОТО
Објавено на: 01.04.2025
Мирисот на тазе нов билтен од Златна Копачка му ги буди сетилата на Игор Трпески да состави нов предлог-тикет.
Од големиот избор во нашата понуда, Игор успеа да издвои парови кои играат денес и утре во вечерните часови, кои ги типуваше според неговата идеја како треба да бидат исходите, а за истите има и кратка анализа во продолжение.

АРСЕНАЛ – ФУЛАМ 1 и 2+ гола
Поминаа повеќе од две години од последната победа на Арсенал во малото градско дерби против Фулам, па иако Артета ги нема на располагање сите првотимци, очекувањата се Топчиите да го добијат дуелот, а на „Емирејтс“ стадионот да паднат најмалку два гола.
НОТИНГЕМ – МАН. ЈУНАЈТЕД 1-3 гола во прво и 1+ гол во второ
Бајката продолжува за Шумарите, по обезбеденото полуфинале во ФА купот, тимот на Еспирито Санто ќе се обиде да оствари двојна победа на Црвените ѓаволи сезонава. Трпески не типуваше победник, но и тоа како очекува да се полнат мрежите на двете страни, односно да има меѓу еден и три гола во првите 45 минути и барем еден погодок во вториот дел од средбата.
РЕАЛ МАДРИД – СОСИЕДАД 1 и 0-3 гола
Кралевите имаат минимална предност од првото полуфинале во шпанскиот Куп, па тимот на Анчелоти вечерва треба да ја заврши работата и да обезбеди уште еден меч во кој ќе се бори за трофеј. Во последните шест меѓусебни средби немало повеќе од три гола, па токму тоа се очекува заедно со победа на Реал.
ЛИВЕРПУЛ – ЕВЕРТОН 1 и 1+ гола во прво
Ливерпул веќе се гледа како новиот англиски шампион, а за да дојде поблиску до титулата треба да ги освои бодовите и во градското дерби против Евертон. Пред месец и пол тимот на Слот испушти дерби-победа во последните секунди, овојпат на „Енфилд“ не би требало да ја повторат истата грешка.
ЊУКАСЛ – БРЕНТФОРД 1
Њукасл го игра првиот натпревар по освоениот трофеј во Карабао Купот и се очекува тој победнички менталитет да се пренесе и во средбата против Стршените. Тимот на Хау славеше во четири од последните пет средби против Брентфорд, статистика која дава надеж дека ќе серијата ќе се продолжи и во овој меч.
АТЛЕТИКО М. – БАРСЕЛОНА гол-гол и 3+
Голеадата од 4-4 во првото полуфинале ја пренесе неизвесноста и во реваншот, односно може да се претпостави дека и во овие 90 минути ќе се гледа атрактивна битка за пласман во големото финале. Ние од двата тима се повторно да бидат голгетерски расположени.

Првиот дуел почнува вечерва во 20:45 часот, што значи дека дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да го одиграте нашиот предлог-тикет. Игор вложи 200 денари, на вас останува со колкав износ ќе одиграте.
ШИФРА: W04011118002