Мотоспорт

ОД Ф1 ШАМПИОН, ДО ПРОИЗВЕДУВАЧ НА СЛАДОЛЕД, МОЦАРЕЛА И КОМПОСТ

Џоди Шектер не е познат за денешните помлади фанови на Формула 1, но и тоа како има статус на икона во најбрзиот мотоспорт на светот. Шектер е единствениот Јужноафриканец и воедно единствениот возач од афричкиот континент кој бил светски шампион во Формула 1.

Кога неговата кариера започна во 1972 година, првично се прослави поради своето лудо и ризично возење, предизвикувајќи бројни незгоди, Шектер се памети како последниот возач на Ферари со светска титула пред доминацијата на Михаел Шумаер во црвениот болид во 2000 години. Како возач на Мекларен ја предизвика една од најтешките и најголемите незгоди на една трка, настана толку голем хаос што дел од возачите побараа Шектер да биде отстранет од Формула 1.

Откако го промени однесувањето, Џоди стана светски првак стана во 1979 година, за по само една година да се пензионира, а потоа заработката од Ф1 трките да ја инвестира во фарма од 2.500 хектари и производство на млечни производи.

Фармата на Шектер, прва голема бафало фарма во Обединетото Кралство, низ годините освои бројни награди за квалитетно производство на сладолед и моцарела од бафало. Сепак, поради зголемените трошоци пред сè на струја, поранешниот Ф1 возач мораше да стави крај на производството на моцарела минатата година, меѓутоа најде нов начин да го одржи својот бизнис.

Моментално Шектер е активен во борбата против зелен отпад и својата фабрика ја пренамени за производство на компост кој може да се користи за земјоделие.