Кошарка

ЕФЕС И СЕ ОДМАЗДИ НА ЦСКА

Турската екипа се пласира во своето второ евролигашко последователно финале, по триумфот над ЦСКА Москва со 86:89, со што му се реваншира на рускиот тим за поразот во претходниот меч за титулата.

Мициќ постигна 25 поени со 6 асистенции, но го заврши мечот предвреме со 5 фаули. Кај поразените, се истакна Клајбурн со 26 поени. Ефес го чека подобриот од другото полуфинале, Барса или Армани.