РИЗИЧЕН ПОТЕГ НА МАРЕСКА, ГО ИЗОСТАВИ НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА ЧЕЛСИ ОД СПИСОКОТ ЗА ЛК
Објавено на: 05.09.2024
Челси како прв фаворит за освојување на трофејот во Конференциската лига, ќе настапува без својот најдобар поединец Кол Палмер.
Англискиот офанзивец кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер за минатата сезона во Премиер лигата не се најде на конечниот список на играчи кои Енцо Мареска ги одбра за континенталното натпреварување. Причината за тоа е густиот распоред како и големиот избор на офанзивци, па Мареска сака да го сочува Палмер здрав и во топ форма за дуелите во англискиот шампионат.
Покрај Палмер, на списокот не се најдоа ниту Весли Фофана и Ромео Лавија, кои по сите изгледи ќе бидат користени во првенството и домашните купови.
Дали овој потег ќе се покаже како вистински или грешка на Мареска, ќе се види по крајот на сезоната.