Фудбал

ДОКТОР СО СКРШЕНА НОГА И ГОЛМАН СПАСИЈА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ НА ТРИБИНИТЕ

Лекарот на домашната екипа со скршена нога се качил на трибините, а голманот Ледезма трчаше по целиот терен да му го достави дефибрилаторот кој беше наменет за еден од гледачите на трибините на мечот меѓу Кадиз и Барселона (0:4).

Треба да се напомене дека сите медицински лица на теренот учествувале во спас на човечкиот живот, а според извештаите, господинот кој доживеал срцев удар практично преживеал поради брзата интервенција на лекарските екипи.

На фотографијата (долу) се гледа како гостинските лекари асистираат со фрлање на дефибрилаторот, а на видеото (најдолу) како домашниот голман трча кон трибината каде се случил немилиот настан. Мечот беше во прекин скоро 1 час.

Името Конан заедно со бројот 1 не се добиваат случајно, како ни диплома по медицина. За двата момента, треба да се има големо срце и многу храброст. Голем наклон и капата долу за сите несебични луѓе кои помогнаа!