Фудбал

НОКАУТОТ ЗА ЦРВЕН НА РАФАЕЛ ЛЕАО (ВИДЕО)

Милан изборија голема победа и нови 3 бода на своето конто на гостувањето кај Сампдорија, откако со играч помалку речиси цело полувреме играа.

При резултат од 0:1 во 46 минута, Рафаел Леао сакаше со „ножици“ да постигне гол, но успеа само да го погоди Ферари во глава. Португалецот имаше жолт картон од претходно, а по овој старт заработи и втор.

Рафаел Леао нема да игра на следниот натпревар каде Милан го пречекува разиграниот Наполи.