Фудбал

МУРИЊО: БАРСЕЛОНА? НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДУВА СО РЕАЛ МАДРИД

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не сака да се оптоварува со одличниот старт на Барселона во новата сезона, потенцирајќи дека сезоната во Ла Лига е како маратон.

Барселона во првите шест натпревари оствари исто толку победи, а особено впечатлив е голгетерскиот ефект на Каталонците, кои постигнаа дури 28 гола.

Реал Мадрид, од друга страна, не импресионираше со своите настапи, иако освои 15 бодови и моментално се наоѓа на второто место на табелата.

Мурињо доби прашање дали го загрижува формата на Барселона, а Португалецот порача дека нема потреба да се прават споредби со ривалите.

„Историски и културолошки, Реал Мадрид не може да се споредува со никого и затоа нема да го споредувам ниту со еден друг тим. Зборувам за нас и тоа го правам без проблем, исто како што зборувам за нашите проблеми и за работите што треба да ги поправиме“, јасно порача Мурињо.