Фудбал

РАФИЊА НЕ ГО КРИЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО: „ОВА Е НЕПРАВДА!“

Капитенот на Барселона, Рафиња, смета дека е неправедно што тој и Педри не се најдоа меѓу 30-те номинирани фудбалери за „Златната топка“.

„Не велам дека требаше да ја освоиме наградата, но верувам дека заслуживме да бидеме во конкуренција. Тоа ме разочара, но не можам да влијаам на одлуката. Можам само да продолжам да играм најдобро што знам“, изјави Бразилецот.

Рафиња воедно го посочи Ламин Јамал како свој фаворит за престижната награда.

„Ламин мора да ја освои Златната топка. Нема друга опција. Тој покажа најмногу и го заслужува признанието. Кога го гледате како игра, ве потсетува на чувството што некогаш го создаваше Роналдињо“, вели Рафинја.

Бразилецот откри и дека по Копа Америка размислувал да ја напушти Барселона, но доаѓањето на Ханси Флик го променило неговиот став.

„Не бев сигурен дека ќе останам. Разговарав со клубот за заминување, но Флик ме убеди дека ќе имам важна улога. Ми даде самодоверба, ја промени мојата позиција и ми овозможи поголема слобода“.