Фудбал

ЧАВИ СЕ ИЗЕДНАЧИ СО ЗИДАН, ДАЛИ ЌЕ ГО ПРЕСТИГНЕ?

Тренерот на Барселона се изедначи со некогашниот стратег на Реал Мадрид, според одиграни натпревари со својата екипа, во низа, без да се почувствува горчината на поразот на гостински терен.

Чави Ернандез го повтори успехот на Зинедин Зидан од 2016-та година – двајцата ги предводеа тимовите до серија од 17 меча во Примера дивизион, на кои победуваа или играа реми, но не губеа.

Прашањето е дали стратегот на каталонската екипа ќе го подобри остварувањето? Инаку, мечот кај Кадиз го одбележа немил настан (линк), кој за среќа имаше крај каков што би посакал секој.