НЕДОСУДЕНИОТ БОДИ-ЧЕК, ШТО МОЖЕШЕ ДА ГО СМЕНИ ТЕКОТ НА МЕЧОТ?
Објавено на: 14.03.2023
Едерсон имаше излет како од катапулт, тргна со испружена нога и со отворен ѓон на противникот, но не доби ниту опомена, ниту жолт картон, а за црвен да не зборуваме. Немаше ниту фаул.

Еве колку значи еден момент, во професионалниот спорт. Дали, ако беше досуден фаул, со црвен картон, ќе се сменеше текот на мечот во кој Манчестер Сити ја наполни до врв мрежата на Лајпциг (7:0, вкупни 8:1)?

Како дополнителна информација, судија на мечот е Славко Винчиќ од Словенија, кој сигурно е под закрилата на претседателот на УЕФА, словенечкиот функционер Александер Чеферин.
