Фудбал

ББЦ ЈА ПРОГОЛТА НАЈДЕБЕЛАТА И НАЈГОРКАТА ПИЛУЛА ШТО САМ СИ ЈА СЕРВИРАШЕ

Британскиот национален броудкастинг сервис сака повторно да го види во етер, водителот и коментатор Гери Линекер, изјави генералниот директор на компанијата, Тим Дејви.

Водителот на „Match of the Day“ емисијата која е синоним за ББЦ и за англискиот фудбал, а Гери Линекер е синоним за емисијата, викендов одеше во скратена верзија поради недоразбирање на релација водител-раководство.

Наводно, Линекер решил да не биде во етерот, а причина е несогласувањето со уредничката политика на државниот медиум, откако поранешниот фудбалер одби да се извини за твитот во кој рече дека британската влада не смее да ги затвори границите за бегалците кои нема каде да одат и бараат азил на Островот.

Во знак на солидарност, најелитните водители на ББЦ не се појавија во етер:

Алекс Скот – Football Focus
Џејсон Мохамад – Final Score (од 2013)
Алан Ширер – најизменично на ББЦ од 2006
Јан Рајт – презентер на ББЦ од 2017
Марк Чепмен – Match of the Day 2, 5 Live Sports
Кели Сомерс – разни емисии на ББЦ
Дион Даблин – Football Focus
Колин Мари – Radio 5 Live, Fighting Talk
Џермејн Дефо – Match of the Day 2

По сето ова, верувајќи им на личностите кои се споменати и на ставовите кои тие ги имаат за животот и општествените случувања, воедно и потклекнувајќи пред нивното влијание врз јавноста, ББЦ реши да го смени мислењето.

Погоре е спорниот стил на изразување за кој водителот одби да се извини, поради што беше цензуриран. Но, сега на потег е Линекер. Ќе се врати ли Гери во етерот?