Фудбал

СЕ СОБИРА БОРДОТ НА РЕАЛ – БАРСА ЌЕ ВЛИЈАЕЛА КАЈ СУДИИТЕ?

Светските медиуми јавуваат за аларм во редовите на најтрофејната европска екипа, по најавите дека лутиот ривал ќе се обидел повторно да влијае кај судиите, за претстојното Ел Класико кое може да ја реши титулата во Шпанија.

Од почетокот на модерната „доминација“ на Барслеона која почна со контроверзниот црвен картон за Јенс Леман во финалето на ЛШ 2006-та, па се до ден денешен, во јавноста процурија толку многу контроверзии за односите меѓу Каталонската гордост и арбитрите, што ја доведува во прашање легитимноста на освоените пехари.

Несомнено е дека Барселона имаше неверојатни генерации низ годините, но исто така несомнено е дека ретко победуваше против големите противници без исклучени играчи на опонентите или (не) досудени пенали. Останува да видиме што ќе се случува во новото Ел Класико….