Фудбал

ФАНОВИТЕ НА ИНТЕР НА САН СИРО ГИ СЛАВЕА ГОЛОВИТЕ НА БЕНФИКА (ВИДЕО)

Дека ривалството помеѓу Интер и Јувентус е на сосема друго ниво, докажува и фактот што пред натпреварот со Викторија Плзен, фановите на нероаѕурите на стадионот ги славеа головите на Бенфика.

Пред загревањето, на големите видео бимови на стадионот беа прикажувани головите од претходната вечер во Лигата на шампионите. А кога дојде моментот за епскиот натпревар помеѓу Бенфика и Јувентус кој заврши со 4:3, црно-сините со класичното „оле“ ги прославуваа головите на тимот од Лисабон.

Интер обезбеди пласман во нокаут фазата заедно со Наполи, а останатиот италијански тим кој се очекува да го „чекира“ билетот е Милан, кој следната недела дома го пречекува Салзбург. Јувентус, како што веќе сигурно знаете, ќе игра Лига Европа доколку Макаби не направи изненадување против Бенфика.