Фудбал

ИСТОРИСКИ: БАЕРН ЈА ТАМАНИ БАРСА КАКО САКА И КОГА САКА

Екипата на Барселона има најнегативен скор во историјата со тимот од Минхен, кој е кошмар за Каталонците кога ќе го видат неговото име на ждрепките. Последниот натпревар кој беше капак на историската доминација на баварската машинерија против Гордоста на Каталонија, е поразот од 0:3 на Камп Ноу кој ја испрати Блауграна во Лига Европа, втора сезона по ред.

Претходно, од таа група италијанскиот претставник Интер си обезбеди место во ЛШ со убедливата победа против Викториа Плзен со 0:4 и практично со подобриот меѓусебен скор од Барселона и оневозможи да се надева на продолжување на сезоната во елитата, но Германците немаа милост и докажаа зошто се најпостојаната и најконстантната фудбалска организација во Европа.

Еве ги резултатите во дуелите меѓу Баерн и Барса, во рамките на Лигата на шампионите:

2022:

Барселона – Баерн 0:3
Баерн – Барселона 2:0

2021:

Барселона – Баерн 0:3
Барселона – Баерн 8:2

2015:

Баерн – Барселона 3:2
Барселона – Баерн 0:3

2013:

Барселона – Баерн 0:3
Баерн – Барселона 4:0

2009:

Баерн – Барселона 1:1
Барслеона – Баерн 4:0

1998:

Барселона – Баерн 1:2
Баерн – Барселона 1:0

1996:

Барселона – Баерн 1:2
Баерн – Барселона 2:2

Како ќе заврши следното соочување меѓу овие два тима, дали однапред се знае исходот?