ПРОМАШУВАЊЕТО НА КАРАСКО КОЕ ГО ОДНЕСЕ АТЛЕТИКО ВО ЛИГА ЕВРОПА (ВИДЕО)
Објавено на: 26.10.2022
Тенка е линијата во фудбалот помеѓу дното и врвот, а тоа денес го докажа Јаник Караско. На „јорганџиите“ им досудија пенал откако судијата означи крај по интервенција на ВАР системот.
Одговорноста ја превзема Јаник Караско, кој во тишината на Ванда Метрополитано го промаши пеналот. За малерот да биде уште поголем, на налетаната топка налета еден од играчите на Атлетико и ја затресе пречката, а по трет пат ударот беше блокиран.
Погледнете:
CARRASCO MISSED THE PEN AND THEN BLOCKED THE FOLLOW UP DFKM 😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/Kp5EYV2WdN
— ☕︎︎ (@IlMelhor) October 26, 2022
Малерозно, зарем не? Поради ова промашување, Атлетико ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите и ќе игра во Лига Европа заедно со Барселона.