Фудбал

КАКО КАРАГЕР ГИ ТРОЛА ЈУНАЈТЕД И АРСЕНАЛ

Поразот на Манчестер Јунајтед од Виљареал во финалето на Лига Европа е болен за фановите на црвените ѓаволи, но не и за еден од нивните најголеми ривали.

Џејми Карагер кој е еден од водителите на британскиот Скај Спортс по завршувањето на дуелот меѓу Виљареал и Јунајтед објави видео на Твитер со познатиот поздрав на Унај Емери додека беше дел од Арсенал.

Покрај Карагер, дел од тимот на Скај Спортс е и Гери Невил, кој редовно се „слади“ на неуспесите на Ливерпул. Овој пат, Карагер го возврати ударот.