Фудбал

ВИЉАРЕАЛ ШАМПИОН, ДЕ ХЕА ТРАГИЧАР

Голманот на Манчестер Јунајтед го промаши последниот пенал, во финалето на Лига Европа, со што шпанскиот претставник за првпат се закити со оваа титула. Претходно, жолтата подморница имаше два пехара во Интертото купот.

Натпреварот заврши 1:1 со головите на Морено во 29-та и Кавани во 55-та минута, а изведувачите на пеналите погодуваа дури 21 пат, се додека аргентинскиот голман Џеронимо Рули не го одбрани ударот на својот колега.