Фудбал

ПОЛОВИНА ШПАНИЈА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

По триумфот на Виљареал во Лига Европа, Ла Лига ќе има најмногу претставници во најелитното европско клупско натпреварување, следната сезона. Покрај победникот во ЛЕ, во ЛШ се пласираа шампионот Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона и екипата на Севиља како 4-та во Примера.

Шпанија е асоцијација која има највисок коефициент за учество во новата сезона во Лигата на шампионите. Сликата може да ја расипе само евентуална санкција за Реал и Барса, поради инволвираноста во формирањето на т.н. Суперлига која (засега) пропадна како проект.