ЛА ЛИГА ГИ ТУЖИ МАНЧЕСТЕР СИТИ И ПСЖ
Објавено на: 16.06.2022
Шпанската премиерна фудбалска лига поднесе тужба против два европски клуба – Манчестер Сити од Англија и ПСЖ од Франција – како што се наведува во пријавата, за прекршување на правилата донесени со Финансискиот фер плеј.

Ова беше за очекување, со оглед на тоа што Реал Мадрид остана без најголемото планирано засилување во летниот преоден рок, Килијан Мбапе кој доби неверојатна понуда од францускиот фудбалски клуб и без втората опција, Ерлинг Халанд кој потпиша за сините од Манчестер.

Според првиот човек на шпанската лига, ова е потег против клубовите контролирани од државите, што во слободен превод може да се нарече отворена и фронтална фудбалска војна меѓу Шпанците од една страна и Англичаните + Французите, од друга.
Хавиер Тебас изјави дека 200 милиони фунти за Мбапе и 51 милион за Халанд се нереални бројки: Ла Лига дознава за нерегуларности во финансиското работење на ПСЖ и Сити, се случуваат директни вбризгувања на финансии, спонзорски инјекции или други договори кои не кореспондираат со условите на пазарот и кои немаат економска смисла.
Ла Лига тврди дека ваквиот начин на работа го нарушува фудбалскиот екосистем, ги повредува сите европски лиги и клубови и служи како вештачки инфлациски момент со пари кои не се генерирани во фудбалот.
Манчестер Сити и ПСЖ ги одбиваат сите наводи дека работат нерегуларно. Што мислите вие?
