Фудбал

ПОКЕТИНО ВО АУТ, СЕ ВРАЌА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?

Аргентинскиот стратег заминува од француската престолнина, напуштајќи ја клупата на ПСЖ на која никогаш не беше трајно, туку само преодно решение во очите на газдите.

Не само што заминува, туку бил брутално отпуштен од раководството, со една година до крајот на договорот кој се гледаше дека никогаш нема да биде испочитуван до крајот.

Причина е секако неуспехот во Лигата на шампионите, иако титулата во Франција беше освоена. Зајакот лежи во соблекувалната, во имињата на големите фудбалски ѕвезди кои тој едноставно не можеше да ги контролира.

Каде ќе ја продолжи својата кариера, Маурисио Покетино?