Фудбал

НАСЛЕДСТВОТО ШТО ГО ОСТАВА РЕАЛ МАДРИД Е НЕПРОЦЕНЛИВО

Последниот во редот на ѕвездите кои заминаа од шпанската престолнина, а настапуваа во редовите на Кралскиот клуб, е бразилскиот лев бек Марсело, еден од најдобрите во историјата.

Дојде во Реал Мадрид со наполнети 18 години, заминува 15 години подоцна со 25 освоени трофеи на сите фудбалски полиња, на кои газеше се пред себе со неповторливите екипи на најтрофејниот европски клуб.

Пред Марсело, од Мадрид заминаа Зидан, кој се врати како тренер, Роналдо, Серхио Рамос и други, по него ќе заминат нови имиња кои сега го носат светиот бел дрес, кој е најскапоцен на фудбалската берза.

„Гангстерскава„ фотографија само ја илустрира магијата која ја има Реал Мадрид, првиот европски шампион и единствениот клуб кој двапати има по (најмалку) три титули, вкупно 14, последната во 2022-ва година.

Многу екипи сакале, сакаат и ќе сакаат да бидат Реал Мадрид, но можат ли?