ПАНДЕВ: СПОМЕНИЦИ, А НЕ ПАСОШИ ЗА ХЕРОИТЕ
Објавено на: 27.03.2022
Горан Пандев со осуда до МНР за потегот со кој само на двајца фудбалери и Селекторот им беа дадени дипломатски пасоши.
Нашиот најтрофеен фудбалер и фудбалска легенда реагираше на својот Инстаграм профил по одлуката на Министерството за надворешни работи да додели дипломатски пасоши за дел од фудбалерите. Пандев, покрај дел од јавноста реагираше на тоа што само двајца фудбалери добиваат такви пасоши.
Од МНР се огласија дека доколку победат против Португалија, цела селекција ќе добие дипломатски пасоши, на што Пандев одговори.
