Фудбал

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЈА ДЕМОЛИРАЛЕ СОБЛЕКУВАЛНАТА (ВИДЕО)

Нервозата од поразот против Македонија, Италијанците ја истуриле на соблекувалната, каде што покрај демолирањето, оставиле вистинска депонија зад себе.

Ова денес го објавија италијанските медиуми, откако видео споделено на Твитер стана едно од најгледаните на Апенинскиот полуостров.

Во него може да се види целиот неред во под-трибинскиот простор на Ренцо Барбера каде што беа сместени играчите на Роберто Манчини.