БЕРНАРДО СИЛВА: НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ РАЗОЧАРАМЕ ФАНОВИТЕ
Објавено на: 27.03.2022
Напаѓачот на Манчестер Сити утрово даде интервју за португалските медиуми, со осврт на дуелот кој следува за Португалија, а тоа е финалните 90 минути за пласман на Светското првенство во Катар против македонските фудбалери.
Според Бернардо Силва, притисокот ќе биде на Португалците бидејќи играат како домаќини, но не се сомнева во својот тим и своите соиграчи дека ќе изиграат на ниво против незгодната Македонија.
Македонија победа на последедните 4 од 5 натпревари на гостински терен, а 2 од овие натпревари беа против Германија и Италија. Тоа говори многу за каков тим ни доаѓа.
Потоа додаде за она што ги очекува:
Ќе играат агресивно, ќе не притискаат и ќе настапат со огромна самодоверба. Но притисокот не мотивира повеќе, не поради противникот туку поради главната цел – Светско првенство. Не смееме да ги разочараме нашите фанови.
Запрашан за тоа како се одвиваат нивните подготовки и дали внесуваат новитети, тој прокоментира на шега:
Се храниме здраво, тренираме и сме целосно фокусирани. Тимот е составен од играчи кои имаат премногу искуство и кои играле во многу одлучувачки натпревари во најголемите Европски клубови. Знаеме што не очекува и што би можело да се случи, затоа остануваме 100% посветени да одиме во Катар.