Фудбал

ЗЕНГА: МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОТЦЕНИ

Легендарниот италијански голман и иконата на милански Интер во интервју за „Ил Наполиста“ даде краток осврт на вечерашниот дуел помеѓу Италија и Македонија во Палермо, во која потенцираше дека Италијанците не смеат никако да не потценат.

Според Валтер Зенга, домашниот терен не е секогаш предност, а тоа најдобро го покажа италијанската репрезентација совладувајќи ја Англија во финалето на Вембли.

Се може да се случи бидејќи се 90 минути. Играњето дома не е предност за нашите фудбалери, а тоа го покажа Португалија кои не славеа кога играа во финалето на ЕП дома, но славеа подоцна против Франција која беше домаќин. Исто беше и за нас во Лондон, каде што станавме европски прваци против Англија кои играа дома.

Потоа Зенга се осврна на нашата репрезентација.

Македонија има млада репрезентација, но гледајќи ги нивните играчи ние никако не смееме да ги потцениме. Оваа нивна генерација веќе направи нешто големо за земјата. Имаме квалитет и причина зошто да ги победиме, но мора да бидеме 100% посветени, без потценување.