Фудбал

ПОЗНАТИ СТАРТНИТЕ ПОСТАВИ ВО ПАЛЕРМО

На еден час пред почетокот на натпреварот, Роберто Манчини и Боби Милевски ги објавија стартните состави.

Македонската репрезентација според очекувата формација, но со една измена и тоа Бобан Николов на местото на Спировски во средината.

На голот ќе стартува Димитрeвски, Алисоки, Муслиу, Велковски и Ристовски. Во средината се Адеми, Николов и Барди, додека во нападот стартуваат Чурлинов, Трајковски и Ристовски.

Што се однесува до Аѕурите, двоумицата помеѓу Ачерби и Манчини, селекторот на Италија ја реши со стоперот на Рома во првиот состав кој доби предност пред „колегата“ од Лацио.

Не преостанува ништо друго освен со сите сили да ги бодриме нашите фудбалери. Уште еднаш – Напред Македонија!