Фудбал

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ЧОВЕКОТ СО ТАПАНОТ ОД БУКУРЕШТ?

Веројатно како хајлајт од нашата епизода на Европските фудбалски првенства и понатаму ќе биде гордиот Штипјанец кој продолжи да ја бодри Македонија откако му се дупна тапанот?

И денес во Палермо, Тоше Цебов ја бодри Македонија! Со своите пријатели и тапанот под рака, големиот Македонец кој ја бодри Македонија секаде и во секој спорт отпатува на југот на Италија.

Таму е со останатите навивачи кои отпатуваа за Палермо, каде вечерва Македонија го игра историскиот бараж против европскиот првак.

Му посакуваме среќа, дебели гласни жици и тапан кој ќе ги бодри нашите играчи во текот на 90 минути.

*Видеото е превземено од профилот на Тоше Цебов на Facebook.