Фудбал

ЕЛМАС ГО ТРОЛА ПОЛИТАНО ПРЕД ДУЕЛОТ ВО ПАЛЕРМО

Италијанците се подготвуваат до денес во својата база во близина на Фиренца, а попладнево патуваат за Палермо каде на Ренцо Барбера утре ќе се сретнат со македонските фудбалери.

И нормално, секој фудбалер на социјалните медиуми објави фотографии од подготовките со националниот тим, а меѓу нив беше и крилниот играч на Наполи и колега на Елмас, Матео Политано.

На неговата објава, се надоврза Елиф Елмас со знамето на Македонија во коментар.