МОЖНИТЕ СОСТАВИ ЗА ДУЕЛОТ ПОМЕЃУ ИТАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 23.03.2022
Речиси и да нема тајни кога се во прашање формациите, но кој ќе излезе од првата минута на Ренцо Барбера во Палермо и понатаму останува дилема.
Италијанските медиуми шпекулираат со првиот состав за аѕурите и според нив Манчини има една двоумица, а тоа е дали да започне со Ачерби или Манчини како партнер на Алесандро Бастони.
Според нив, на голот ќе биде Донарума, странично во одбраната Флоренци и Емерсон, додека во средината ќе започнат Барела, Верати и Жоргињо. Нападот ќе биде предводен од Имобиле, a Инсиње и Берарди ќе напаѓаат странично.
За нашиот селектoр Благоја Милевски, Италијанците имаат само пофални зборови кога е во прашање тактичката дисциплина и трансформација од одбрана во напад. Иако ќе започнеме со 4-3-3 формација, сепак истата во фаза на одбрана се трансформира во 4-5-1.
Се очекува за нас да започнат: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски во одбраната. Барди, Спировски и Адеми во средината, додека во нападот ќе стартуваат Чурлинов, Мартин Ристовски и „сицилијанецот“ Трајковски.