ПАНДЕВ: ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОВИКАН
Објавено на: 23.03.2022
Еден од нашите најголеми играчи даде интервју за Газета дело спорт пред натпреварот на Македонија против Италија во Палермо, кој ќе одлучи која репрезентација ќе игра со поуспешниот од Турција и Португалија.
Според Пандев, предност за нашите фудбалери ќе биде тоа што во стартниот состав кој се најавува меѓу италијанските медиуми нема да бидат Киелини и Бонучи.
Тие играат заедно повеќе години и мислам дека тоа ќе биде една од предноста за Македонија на натпреварот. Секако, тука е Алесандро Бастони, фудбалер на кој му предвидувам голема кариера, но во моментов мислам дека тоа ќе биде слаба точка на Италија.
Потоа Горан Пандев се насочи кон репрезентацијата и изборот на селекторот Благоја Милевски кој не го повика напаѓачот на Удинезе во тимот.
Илија многу сакаше да биде дел од репрезентацијата и жали што не е повикан. Еден или два играчи немаше да сменат ништо, но ќе беше од голема корист за нашите играчи бидејќи тој игра во Италија и ги знае противничките играчи. Тој и има многу дадено на Македонија и мислам дека требаше да биде дел од составот иако не играше воопшто во Удинезе.
Дали Горан Пандев е во право?