ПЕТ ИГРАЧИ НА ИТАЛИЈА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД?
Објавено на: 22.03.2022
Шпекулациите се потврдија како точни, откако двајца членови на стручниот штаб се позитивни на COVID на само 2 дена пред дуелот со Македонската репрезентација.
Фудбалскиот сојуз на Италија ја потврди веста и најави детални контроли на играчите, откако пред малку излегоа шпекулации дека најмалку 5 играчи се позитивни на Ковид-19.
Се уште нема најава кои од фудбалерите се позитивни, но едно е сигурно, тоа е Мануел Локатели, играчот на Јувентус за кој од претходно се знаеше дека нема да биде достапен за првиот дуел.