Фудбал

БЕНЗЕМА: ВИНИСИУС НЕ СЕ ПЛАШЕШЕ ОД БАРСЕЛОНА БИДЕЈЌИ МЕСИ НЕ ИГРА

Реал Мадрид беше торпедиран од Барселона на домашен терен со 0:4, забележувајќи го највисокиот пораз оваа година и можеби еден од најсрамните во последните неколку години.

Капитенот на Реал не беше во составот, но по натпреварот даде изјава за медиумите во која ја оцени како недозволива реакцијата на своите соиграчи, кои ја потцениле екипата на Барселона.

Изгубивме од Барселона бидејќи ги потценивме. Сабајлево се разбудив во 4 наутро и видов дека Касемиро и Винисиус играат ФИФА на Плејстејшн. Го прашав Винисиус зошто не спијат и не се одмараат за Барселона на што ми одговори дека нема потреба, тие играат без Меси во својот тим.

Дали потценувањето му се врати од глава на Винисиус?