Мотоспорт

ИБРАХИМОВИЌ И ВОЗАЧИТЕ НА ФЕРАРИ

Возачите на Ферари освоија 1-2 победа на првата трка во Бахреин, а можеби нивната среќна „алка“ за овој викенд беше возењето на Златан Ибрахимовиќ во Фиорано.

Патеката во близина на фабриката на Ферари во Маранело го угости Златан Ибрахимовиќ кој се запозна со тимскиот шеф на црвените, како и возачите на Чарлс Леклер и Карлос Сајнц.

За шоуто во црвените супер болиди се пофали и самиот Златан на својот Инстаграм профил, нарекувајќи се „Ферари на зелените терени“.