Фудбал

ЕВЕ КАКО СИТИ ГО НАМАМИЛ ХАЛАНД, ЗАМКАТА НЕМА ВРСКА СО НЕГОВИОТ ТАТКО

На големо се шпекулира дека норвешкиот напаѓач на лето ќе премине во редовите на Манчестер Сити, каде во минатото настапуваше неговиот татко, што се сметаше за главна причина поради која и јуниорот би го облекол дресот на граѓаните.

Манчестер Сити е подготвен да го направи Ерлинг Халанд најскапиот фудбалер на светот, односно играч со најголема неделна плата која би изнесувала вртоглави 500.000 фунти, што е повеќе од платите на моментално најскапите Роналдо и Де Брујне со 385.000.

Деили Мејл пренесува дека со сите давачки и провизии, целиот дил за Халанд би изнесувал 120 милиони евра, откако ќе биде исплатена и откупната клаузула од 75.000.000 европски банкноти. Вреди ли толку 21-годишниот фудбалер?