Фудбал

КЛАНИЦА НА ОЛД ТРАФОРД

Атлетико Мадрид успеа да се квалификува во 8 најдобри клубови на стариот континент, по изненадувачката победа на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед.

Иако гостите речиси во поголем дел од натпреварот беа во дефанзива, фудбалерите на Чоло Симеоне го оставија срцето на теренот, но битката со црвените ѓаволи не била ни од далеку лесна.

За тоа сведочат нозете на Хектор Херера, играчот од средниот ред на Атлетико кој по завршувањето на натпреварот ги соблече штуцните додека даваше изјава. Лузните и гребаниците беа очигледни на неговите нозе.

Сепак, веруваме дека ни малку нема да болат колку елиминација од осминафиналето, нели?