ВИНЧИЌ Е РЕИНКАРНАЦИЈА НА ОВЕРБО?
Објавено на: 16.03.2022
Контроверзниот словенечки судија беше во центарот на вниманието на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид кој заврши со 0:1 (1:1) и пласман на гостите во следната фаза од елитната лига на УЕФА.
Неговиот перформанс е можеби најлошиот во историјата на натпреварувањето, со оглед на важноста на натпреварот, по дуелот меѓу Челси и Барселона на кој правдата (не) ја делеше норвешкиот арбитар Том Хенинг Овербо.

Освен што имаше повеќе сомнителни одлуки, Славко Винчиќ подлегна на тактиката на Симеоне, со која гостинските фудбалери го „убија“ натпреварот во второто полувреме, лежеа по теренот и немилосрдно го трошеа времето:
Не би кажал дека одлуките на судијата беа одлучувачки, но во најмала рака беа „интересни“. Дополнителното време од 4 минути беше жива смешка. – рече Ралф Рагник, менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Судијата од Словенија, во 2020-та година беше „фатен“ на една приватна забава во БиХ, на која биле присутни други фудбалски работници и старлети, но по полициската рација се правдал дека не ги познава луѓето и бил ослободен.