Фудбал

ЗЛАТНИТЕ ФУДБАЛСКИ ГОДИНИ СЕ ПРЕКУ 30?

Ова беше недела за паметење, особено за ветераните на европскиот фудбал кои се уште имаат клучни улоги во екипите во кои настапуваат и со нивните учиноци ги кројат натпреварувањата во кои се борат за трофеите.

Кристијано Роналдо (37) против Тотехнем (3:2) во Премиерлигата, односно Карим Бензема (34) против ПСЖ (3:1) и Роберт Левандовски (33) против Салцбург (7:1) во ЛШ, постигнаа хет-трик за победи на нивните екипи.

Old-but-gold?