Фудбал

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ЗА РЕКОРДОТ КОЈ ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРА КАРЛО АНЧЕЛОТИ?

Италијанскиот стратег е на прагот на ново големо достигнување во неговата богата тренерска кариера, која е надврзување на одличната играчка кариера како член на Парма, Рома и Милан.

Дон Карло, ако ја освои титулата со Реал Мадрид во Шпанија, ќе стане единствениот тренер во историјата кој има трофеи во сите 5 големи фудбалски лиги.

Анчелоти триумфира во Италија со Милан, Англија со Челси, Франција со ПСЖ и Германија со Баерн Минхен. Најдобриот тренер на сите времиња?