Фудбал

ЧЕЛСИ ЌЕ МУ СЕ ВРАТИ НА ПРОСЕКОТ?

Со санкциите одредени за сопственикот на лондонските сини, Роман Абрамович и негативниот економски тренд кој го спроведуваат западните земји кон Русија, поради инвазијата на Украина, европскиот шампион е пред колапс.

Откажа соработка уште еден спонзор, а тоа е компанијата за автомобили Хјундаи. Роман Абрамович беше отстранет од управувачката позиција во клубот, од страна на Премиерлигата. Дали деновите на славата се минато, за Челси?