КОМЕНТАТОРОТ ГО МОЛЕШЕ, КУЛУШЕВСКИ ОДБИ ДА ЗБОРУВА НА МАКЕДОНСКИ
Објавено на: 12.03.2022
Кутриот коментатор на Спортклуб, во улога на репортер на Олд Трафорд по завршувањето на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем (3:2), го молеше Дејан Кулушевски да зборува на македонски јазик.
Овој, чистокрвен Македонец по потекло, категорично одби и рече дека сака да зборува на англиски јазик:
Дејан е роден во Стокхолм, Шведска и реши да игра за шведската репрезентација, носи македонско име и македонско презиме. Ова е модерниот свет, нели?
Бонус две фотки од Дејан во македонскиот дрес, во младинските категории:

