ДИБАЛА Е СЕ ПОДАЛЕКУ ОД ЈУВЕНТУС?
Објавено на: 10.03.2022
Иако беше најавено дека денес треба да се сретнат агентот на Паоло Дибала со челниците на Јувентус, до таков состанок не дојде.
Според првичните информации на Газета Дело спорт, состанокот е одложен за друг датум во Март по барање на управата на бјанконерите. Она што им било најавено на играчите чии договори истекуваат ова лето е дека од нив се бара целосна посветеност пред претстојните натпревари во Серија А и Лигата на шампионите пред интернационалната пауза.
Ваквиот развој на настаните според елитниот италијански спортски весник за Паоло Дибала значи дека бјанконерите не го посакуваат повеќе во својот тим, а неговиот агент веќе започнал разговори со други тимови. Неколку пати оваа година преговорите за нов договор се одложуваат, со што се засилуваат шпекулациите дека Аргентинецот ќе си замине од Торино на лето.
Како најзаинтересирани за услугите на „La Joya“ се Интер, Тотенхем, а интерес покажале и Манчестер Сити и Барселона. Според Газета, Интер е во пол позиција благодарение на претходните контакти во текот на годината помеѓу агентот на Дибала и извршниот директор на нероаѕурите.